На веб-страницата на Агенцијата за вработување од вчера невработените и работодавците од приватниот сектор можат да аплицираат на огласите за субвенционирано вработување на деца без родители. Како што информира на вчерашната прес-конференција министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, мерката е за невработени - активни баратели на работа, а приоритет ќе имаат долгорочно невработените од пет и повеќе години, возрасните од 50 до 59 години, ранливите групи граѓани и млади до 29 години. Вработувањето ќе се субвенционира со по 13.000 денари месечно за период од 6 месеци. Работодавецот ќе има обврска да ги задржи на работа уште најмалку 12 месеци или на нивно место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на АВРМ.
На веб-страницата на Агенцијата за вработување од вчера невработените и работодавците од приватниот сектор можат да аплицираат на огласите за субвенционирано вработување на деца без родители.
Како што информира на вчерашната прес-конференција министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, мерката е за невработени - активни баратели на работа, а приоритет ќе имаат долгорочно невработените од пет и повеќе години, возрасните од 50 до 59 години, ранливите групи граѓани и млади до 29 години.
Вработувањето ќе се субвенционира со по 13.000 денари месечно за период од 6 месеци. Работодавецот ќе има обврска да ги задржи на работа уште најмалку 12 месеци или на нивно место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на АВРМ.
Со овие огласи се опфатени и лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд, како што се жртви на семејно насилство, деца без родители и родителска грижа, бездомни лица, поранешни корисници на дрога, родители на децата на улица, Роми, самохрани родители, жртви на трговија со луѓе, осудени лице по отпуштање од казнено-поправна установа. „За овие лица ќе се обезбеди субвенција, односно финансиска поддршка за вработување во износ од 17.000 денари месечно, од кои 3.000 денари надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес, а 14.000 денари за плата“, рече Спасов. Тој додаде дека
годишниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува 47.520.000 денари, или 773.000 евра.
Според директорот на АВРМ, Влатко Поповски, работодавците ќе имаат соодветни субвенции во тек на две години. Во првата година ќе искористат субвенција во висина на минимална плата и 100 проценти од придонесите за платата, а во втората, 100 проценти од минималната плата и 50 проценти од придонесите за таа плата.
„Оваа мерка во Оперативниот план е посебно издвоена. Лани се вработија пет деца без родители. За оваа година во првиот оглас се пријавија компании од некои градови, но не најдовме соодветни невработени лица. Ги повикувам сите компании да се пријават, а ние ќе ги известуваме невработените“, рече Поповски.